Здрав начин на исхрана за вашите миленици

Правила и услови за користење на веб страната

 

Правила и услови за користење на веб страните (husse.mk, husse.com и husse.com.mk) што се во сопственост на Trademark Service LE AB Stocholm Sweden а преку генерална франшиза право на управување со иститепреку И ГРОУП ТРЕЈДИНГ ДОО Тетово ( во понатамошен текст само ,,И ГРОУП ТРЕЈДИНГ,,).

  • Услови за користење на нашата веб страна

  • Измени на условите за користење на веб страната

  • Кодекс на однесување на крајниот корисник

  • Авторски права и интелектуална сопственост

  • Одговорност и права на И ГРОУП ТРЕЈДИНГ

  • Надзор и контрола

  • Приватност

  • Лиценцирање

  • Надомест на штета

  • Прекин на деловна соработка

  • Трговска марка

  • Содржина на трети субјекти

  • Услови за продажба

  • Останати правила и услови

 


 

Добродојдовте!

 

И ГРОУП ТРЕЈДИНГ преку своите регистрирани веб страни (husse.mk-husse.com.mk , во понатамошен текст само ,,веб страни,,) нуди интерактивна on-line услуга која што има информативен карактер, управување со содржината, како и спроведување на финансиски трансакции. Наведените услуги заеднички ги остваруваат И ГРОУП ТРЕЈДИНГ во соработка со бизнис партнерите и трети лица.

 

Без оглед која од претходно наведените веб страни ќе посетите, ќе бидете прнасочени на веб страната husse.mk. Со посета на било која веб страна се согласувате и сте обврзани да ги почитувате правилата и условите за користење на истата, вклучувајќи ја и нашата политика на приватност. Правилата и условите важат за сите лица (,,Крајниот корисник,,) подеднакво и доколку не се согласувате со било кој дел од овие правила и услови за користење ве молиме да се воздржувате од понатамошно користење на оваа веб страна.

 

Услови за користење на нашата веб страна

 

Пристапот и употербата на нашите веб страни е бесплатен. Правото на користење на веб страните е лично право на Крајниот корисник и не може да се пренесе на друго физичко лице или правно лице. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на неговата лозинка таму каде што има потреба од истата. Иако И ГРОУП ТРЕЈДИНГ максимално се труди за брзо и ефикасно функционирање на веб страните, во случај на прекин на услугите поради проблеми со Интернет или некои други случувања кои се надвор од контролата на работењето на И ГРОУП ТРЕЈДИНГ, Крајниот корисник се согласува со фактот дека И ГРОУП ТРЕЈДИНГ се оградува од секаква одговрност доколку дојде до губење на податоците при пренос на информации и прекин или привремена недостапност на нашите веб страни на Интернет. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ има право во било кое време да ја менува содржината и дизајнот на веб страната, времето на достапност и опремата потребна за пристап и користење на истите. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ го задржува правото во било кое време да измени или укине било кој сегмент од своето работење.

 

Измени на Условите за користење на веб страната

 

И ГРОУП ТРЕЈДИНГ има право во било кое време, без претходно информирање на Крајниот корисник, доколку тоа го смета за потребно, да ги промени правилата и условите за користење на веб страната. Било какво користење на веб страната од страна на Крајниот корисник по направените измени ќе се подразбире како прифаќање на истите. Затоа ви препорачуваме повремено да ги проверувате правилата и условите за користење на веб страната. Доколку не се согласувате со направените измени, ви препорачуваме да се воздржите од користењето на веб страните.

 

Кодекс на однесување на крајниот корисник

 

Горенаведените веб страни се во сопственост на Trademark Service LE AB Stocholm Sweden а преку генерална франшиза со право на управување со истите преку И ГРОУП ТРЕЈДИНГ и без разлика дали директно или преку одредени линкови ги посетите и користите се обврзувате и согласувате со нашите Правила и Услови. Крајно ја подржуваме и потикнуваме соработката и комуникацијата со нашите корисници, но во исто време очекуваме од нашите корисници да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат прописите и законите на Република Македонија. Крајните корисници не смеат преку овие веб страни да објавуваат матерјали кои ги загрозуваат или кршат правата на другите, било каков матерјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички. кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, матерјал кој поттикнува противправни дејствија или на друг начин крши било каков пропис или матерјал кој рекламира понуда за услуга/продукт без претходно одобрение од И ГРОУП ТРЕЈДИНГ. Строго се забранува било какво однесување на Крајниот кориник кое го ограничува или оневозможува било кој друг Краен корисник во користењето и уживањето на овие веб страни. Крајниот корисник не смее да ги користи овие веб страни за огласување или изведување на било каква комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи и повикување на корисниците на овие веб страни да станат членови на друга online или offline услуга, која претставува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на веб страните што се во наша сопственост.

 

Авторски права и Интелектуална сопственост

 

Trademark Service LE AB Stocholm Sweden а преку генерална франшиза со право на управување со истите преку И ГРОУП ТРЕЈДИНГ е сопственик на горенаведените вебстрани во согласност со Законот за авторски и други сродни права на физички и правни лица. Само сопственикот или генералниот франчизер е овластен за искористување на своите авторски и други сродни права над горенаведените веб страни. Строго се забранува зачувување, копирање, дистрибуција, постирање или било на кој начин модификација на овие веб страни без претходно одобрување на сопственикот.

 

Одговорност и Права на И ГРОУП ТРЕЈДИНГ

 

И ГРОУП ТРЕЈДИНГ не одговара за никаква штета што произлегува од користењето и употребата на услугите и информациите што се нудат на веб страните. Горенаведеното подразбира штета за причинети грешки, опомени, прекин или успорување во работата, компијутерски вируси, губење на матерјални средства или важни информации на Крајниот корисник, нелегален пренос на дата и важни информации и нивна промена, како и причинување на други поголеми или помали штети. Сите информации на веб страните се создадени и пуштени во употреба со најсовесно дејствување, но И ГРОУП ТРЕЈДИНГ не ја превзема одговорноста за нивната целост и техничка точност. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ се оградува од гаранцијата дека целиот матерјал што може да се најде на веб страните е безгрешен, дека пристапот до веб страните неможе да биде прекинат поради најразлични причини и дека веб страните се секогаш во потполност безбедни за користење. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ го има правото во било кое време да го ограничи или елиминира во целост пристапот на Крајниот корисник на веб страните.

 

Надзор и контрола

 

И ГРОУП ТРЕЈДИНГ има право но не и обврска да врши надзор над содржината на веб страните со цел да обезбеди усогласеност и почитување на Правилата и Условите за користење на веб страните, како и усогласеност со било кој друг соодветен закон или пропис. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ има право на отсранување на било кој матерјал кој го смета за делумно или целосно спротивен на поставените правила и услови за користење или делумно или целосно спротивен на било кој друг соодветен закон или пропис.

 

Приватност

 

Крајниот корисник потврдува дека сите online разговори на веб страните, оценки, коментари, приватни пораки и други начини на меѓусебно комуницирање, се од јавна а не од приватна природа и според тоа И ГРОУП ТРЕЈДИНГ може да врши надзор на комуникациите на Крајниот корисник без негово знаење и дозвола. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ не ја авторизира содржината на пораките и информациите кои се остваруваат при меѓусебната комуникација со Крајните корисници и се оградува од одговорност за било која можна спорна содржина што може да произлезе при остварување на оваа комуникација. Со објавување на било каква информација од страна на Крајниот корисник на веб страните И ГРОУП ТРЕЈДИНГ има право на користење на тие информации и коментари за промотивни цели или за било која друга правно дозволена намена.

 

Лиценцирање

 

Со објавување на било каква содржина на веб страните на сопственикот, Крајниот корисник му дава бесплатно право на сопственикот на користење на истите за свои промотивни и други цели без територјални и временски ограничувања.

 

Надомест на штета

 

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна И ГРОУП ТРЕЈДИНГ ДОО Тетово вклучувајќи ги и нивните одговорни лица, вработени и екстерни соработници односно франшизери и дистрибутери за сите побарувања за надомест на штета и трошози, вклучивајќи и трошоци произлезени за правно застапување кои можат да произлезат од користењето на веб страните од страна на Крајниот корисник.

 

Прекин на деловна оработка

 

И ГРОУП ТРЕЈДИНГ го има правото во секое време да го раскине овој договор пез претходно да го извести Крајниот корисник и го задржува правото на суспендирање на лозинката или профилот на Крајниот корисник доколку утврди неприфатливо однесување од страна на Крајниот корисник кој делумно или целосно ги прекршува Правилата и Условите на овој договор.

 

Трговска марка

 

HUSSE е заштитена и регистрирана трговска марка и според тоа сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на husse.mk се интелектуална сопственост на нивните носители.

 

Содржина на трети субјекти

 

Одговорноста е на Крајниот корисник да одлучи и процени сам дали ќе се потпре на точноста и корисноста на содржината објавена на веб страните. Ако Крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страните преку некој друг линк, тоа го прави на свој сопствен ризик. Само со наше одобрение преку нашите веб страни имате право да ставате надворешни линкови до други веб страни. И ГРОУП ТРЕЈДИНГ го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој надворешен линк во секое време, без претходоно да ве извести.

 

Услови за продажба

 

И ГРОУП ТРЕЈДИНГ продажбата на услугите ј врпи на следниот начин:

Сите продукти/стоки нарачани прку веб страната на husse.mk ќе бидат доставени до Крајниот корисник во рок од 5(пет) работни дена во која цена е вклучена и бесплатна достава до адреса на Крајниот корисник. Доколку не биде извршена достава во рокот кој што е определен Крајниот корисник има право да ја откаже истата а воедно доколку има платено парите во рок од 7(седум) дена ќе му бидат рефундирани на неговата сметка. Плаќањето ќе биде безготовинско со картичка или по платена про фактура па по доставен продукт ќе му биде издадена фактура на Крајниот корисник или готовинско со превземање на продуктот.

По превземање на продуктите/стоката од страна на Крајниот корисник не е дозволена рекламација на истите.

За франшизери кои се под договор важат посебни услови и правила за достава и плаќање.

 

Останати правила и Услови

 

Се што не е предвидено со овој договор ќе важат позитивноправните прописи и одредби согласно Законската регулатива на Република Македонија.

Неодамна прегледани
OPTIMAL

OPTIMAL

За активни кучиња од средни и големи раси.
ден 2.800,00
KROKETTER FISK

KROKETTER FISK

Kомплетна храна за мачки со одличен вкус.
ден 700,00
Scroll