Здрав начин на исхрана за вашите миленици

Л-карнитин

Л-карнитинот за елиминирање на масното ткиво.

Карнитинот не е вистинска аминокиселина, но поради сличната структура, класифициран е заедно со аминокиселините; исто така познат е како витамин БТ.

Л-карнитинот се синтетизира од есенцијалните аминокиселини лизин и метионин, но мора да има доволно витамин Б1 (тиамин) и Б6 (пиридоксин). Поради ова, додатоците во исхраната со карнитин може да бидат корисни во некои околности. Карнитинот е суштинска компонента за метаболизацијата на мастите. Л-карнитинот помага да се пренесат масните киселини во митохондриите на клетките за тие да можат да ги преобразат овие киселини во енергија.

1. Додавањето на карнитин во исхраната најмногу се препорачува кога енергетските потреби на кучето се зголемени, бидејќи карнитинот го стимулира претворањето на мастите во енергија. За време на натпревари, трки со кучиња или било која друга околност со зголемен интензитет, додавањето на карнитин во исхраната може да биде од корист. Од таа причина, Optimal Energi е дополнета со карнитин. Комбинацијата висока содржина на масти со карнитин гарантира оптимално снабдување со енергија за активните кучиња со зголемени енергетски потреби.

2. Друга причина за додавањето на карнитин може да биде намалувањето на телесната тежина во случај на гојазност. Кај дебелите кучиња, додавањето на карнитин ја стимулира оксидацијата на мастите во телото. Се разбира, тоа може да се добие само во комбинација со намален внес на храна и со зголемување на физичката активност во насока на зголемување на енергетските потреби на кучето.

3. Постои многу висока концентрација на карнитин во срцето, што не е изненадувачки. Срцето се храни од масните киселини за да пумпа крв низ целото тело. Многу студии покажаа дека додавањето на Л-карнитин може поефикасно да му помогне на срцето кај кучиња кои се дијагностицирани со срцеви заболувања.

Неодамна прегледани
KROKETTER FISK

KROKETTER FISK

Kомплетна храна за мачки со одличен вкус.
ден 700,00
EXCLUSIVE STERILISED

EXCLUSIVE STERILISED

Специјално формулирана храна за да се задоволат хранливите потреби на стерилизир...
ден 650,00
PRO AKTIV

PRO AKTIV

Комплетна храна за активни кучиња.
ден 2.700,00
OPTIMAL

OPTIMAL

За активни кучиња од средни и големи раси.
ден 3.190,00
EXCLUSIVE KATTUNGE

EXCLUSIVE KATTUNGE

Комплетна храна за мачиња од одвикнување од мајчиното млеко до 12 месеци старост...
ден 670,00
Scroll